Возачи задолжително прочитајте ја оваа вест

 Поради сообраќајна несреќа во село Визбегово од 10 часот во прекин е сообраќајот во двата правци на магистралниот пат Скопје-ГП Блаце, а возилата се пренасочуваат, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

Оттаму потсетуваат дека се уште во прекин е и сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата кај Битола, поради појава на свлечиште. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

01.05.2015 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега