Целиот случај на Заев се распаѓа како кула од карти

Опозицискиот лидер Зоран Заев го допре дното и неговиот случај се распаѓа како кула од карти откако клучните докази кои тој ги понуди во целата одбрана се покажаа како лажни. Заев се брани со измислени податоци и се обидува да се извади од калта во која длабоко е заглавен.

Повикувајќи се на извори од истрагата, дел од медиумите вчера објавија дека Заев соочен со цврстите докази и се поизвесното обелоденување на вистината, одлучи преку јавноста да лаже и да ги манипулира граѓаните, меѓународните претставници и институциите. Наводните докази кои Заев ги нарече документи во сопственост на Република Македонија, не се ништо друго освен фалсификат и негов неуспешен обид да го сврти вниманието од делото за кое се товари.

Заев на последната прес-конференција посочи кои се луѓето кои прислушувале, но ваквиот негов обид почна да се распаѓа откако по кратка проверка се увидело дека тоа се починати лица, лица кои се одамна раселени, но и лица кои вопшто не се занимавале со таа проблматика. Лидерот на СДСМ во наводните докази кои му ги приложил на судот, навел дека разговорите ги прислушувале оператори кои се починати пред повеќе од 7 години и за истите побарал да се појават во судот како сведоци.

По направените проверки, според изворите од истрагата, е утврдено дека двајца од посочените оператори кои наводно ги снимале разговорите се починати, едното лице во 2008-мата, а второто во 2013-та година, но истото уште од 2008-мата не работело во Петта управа, туку било прераспоредено во друга организациска единица.

Во листата оператори на Заев се наоѓа и лице кое од 2007-мата година е иселено од земјава во странство. Во Ексел табелите на Заев наведени биле и имиња на четворица началници во МВР, кои воопштво не работеле на оваа проблематика, како и три лица кои подолго време се пензионирани.

Како дел од операторите наведени од првиот човек на СДСМ, стои и име на лице кое со отказ си заминало од Министерството за внатрешни работи во 2008-мата година, а има и две лица кои подолго време наназад не доаѓаат на работното место, користејќи боледување поради тешкa болест.

Дополнителен голем скандал е што ексел табелите кои Заев ги презентираше на прес-конференцијата наводно од работата на тајните слузби, освен што се исфрлени од употреба, тие содржеа адреси кои се од времето кога Зоран Верушевски и СДСМ управувале со службите.

Заев на новинарите им подели материјали кои дополнително го потврдуваат овој сомнеж. Имено, на Excel документот стои дека се прислушувани луѓе чии адреси се сменети повеќе од 10 години. Министерот за транспорт и врски Миле јанакиески, повеќе од 10 години не живее на адресата на која се води во документот на Заев. Доколку МВР го вршело прислушувањето, со наједноставна проверка во системот на полицијата ќе станело јасно дека актуелниот министер за транспорт има нова адреса. Јанакиески само две години живеел на адресата која е наведена, од 2005-та до 2007-ма.

Интересна е и адресата под која се води телефонскиот број на екс министерот за финансии од редовите на СДСМ, Никола Поповски. Имено, неговиот телефонски број се води како сопственост на Собранието, а Поповски, последен пат бил пратеник во 2008 година по што комплетно се повлече од политиката. Новинарката Оливера Трајковска според материјалите на Заев се води во Куманово, но тоа е стар податок бидејќи таа одамна не живее во Куманово, туку во Скопје. Радмила Шекеринска се води според стар податок, „Илинденска бб Влада на Скопје“, од времето кога беше вицепремиер.

ОЈО синоќа поднесе обвинителен акт против осомничените во „Пуч“. Во соопштението наведуваат дека тоа е сторено по спроведување сеопфатна истражна постапка, разгледување и анализа на прибраните докази и факти за овој предмет.

Првообвинетиот З.В. се терети за едно продолжено кривично дело Неовластено прислушкување и тонско снимање, Шпионажа  и Насилство спрема претставници на највисоките државни органи. Второобвинетиот Ѓ.Л. е обвинет за едно продолжено кривично дело Неовластено прислушкување и тонско снимање и  Шпионажа. Третообвинетата С.В. за кривично дело Шпионажа, додека четвртообвинетиот З.З. за кривично дело Насилство спрема претставници на највисоките државни органи и петтообвинетиот Б.П. за кривично дело Насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

 

 

Оцени ја веста

01.05.2015 - 12:32
Фото: 
01.05.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега