Четири лица повредени во сообраќајката кај Визбегово

Тешка сообраќајка утрово околу 10 часот  се случи кај скопско Визбегово, на магистралниот пат Скопје – граничен премин Блаце, при што се судриле камион „мерцедес“ и патничко возило „голф“, и двете со скопски таблички.

Во сообраќајката се повредени четири лица кои биле во автомобилот. Повредените се префрлени во Градската болница „8 Септември“ во Скопје.

Поради увидот на полицијата, магистралата Скопје – Блаце е блокирана и возилата се пренасочуваат по алтернативните патишта.

 

 

Оцени ја веста

01.05.2015 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега