Умерено конзумирање храна и алкохолни пијалoци за празникот

Министерството за здравство (МЗ) денеска на официјалната Facebook страница - ИнфоЗдравје им препорача на граѓаните умерено да конзумираат храна и алкохолни пијалоци за време на првомајските празници, со цел избегнување појава на здравствени потешкотии. 

Воедно, ги потсети дека возењето во алкохолизирана состојба е забрането и опасно по животот на возачите, нивните сопатници, а претставува потенцијална опасност и за сите останати учесници во сообраќајот.

Апелира на совесно и одговорно однесување со кое ќе се овозможи пријатно и мирно одбележување на празникот. 

 

 

Оцени ја веста

01.05.2015 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега