Kосовски опозициски лидер падна во рацете на полицијата

Косовски опозициски лидер е уапсен под обвинение дека спречувал лице на должност да ги извршува своите службени обврски, соопшти полицијата.

Портпаролот на полицијата Даут Хоџа изјави дека Дардан Молиќај бил уапсен денеска на меѓународниот аеродром, од каде планирал да ја напушти земјата. Претставници на партијата „Самоопределување“ изјавија дека тој имал намера да се сретне со нивни поддржувачи во Швајцарија, каде живее голема имигрантска заедница од Косово.

Молиќај (30) е висок претставник на опозициското движење „Самоопределување“, кој на 27 јануари ги предводел антивладините протести, кои завршија со судир меѓу демонстрантите и полицијата.

Доколку биде осуден тој може да добие пресуда до пет години затвор.

 

 

Оцени ја веста

01.05.2015 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега