Тачи бара Србија да се извини за жртвите од војната во 90-тите години

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи бара од Србија да се извини за жртвите од војната на Косово во 90-тите години,  ја нагласи својата намера да поднесе тужба за геноцид против српската држава и упати критика до Белград поради откажувањето на неговата планирана посета на земјата.

Во интервју за виенскиот весник „Стандарт“, Тачи истакна дека би било добро ако Србија го преземе моделот на Јужна Африка и се извини за жртвите од војната на Косово.

- Ние сме сведоци дека Србија се уште не сака да се извини. Затоа треба да најдеме правен пат да ја документираме историјата и да најдеме барем малку утеха за членовите на семејствата на над 10.000 убиени лица и 20.000 малтретирани жени, одговори Тачи, додавајќи дека Приштина разговара за тоа со своите сојузници и адвокати.

Тој нагласи дека повеќе од 100 косовски Албанци, кои живеат во САД и Европа, планираат да побараат воено обештетување од Србија

 

 

Оцени ја веста

01.05.2015 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега