Умерено облачно со слаб ветер

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно со слаб, а во западните делови умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има зголемување на облачноста со локален краткотраен дожд. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје облачно со слаб ветер од северозападен правец. Попладне ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен слаб дожд.

Утринската температура ќе биде 8, а дневната ќе достигне до 22 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, во почетокот на работната седмица ќе има значителен пораст на температурите, особено од вторник. 

 

 

 

Оцени ја веста

02.05.2015 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега