Груевски: Македонија ја вративме на народот

Карактеристично за нас во овој четири годишен изминат период е што успеавме да се задржиме на земја заедно со и меѓу народот. Македонија дефинитивно ја вративме на народот, а не на елитите и олигарсите. Гласот на народот не беше игнориран.

Ова на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Куманово го истакна претседателот на партијата и премиер Никола Груевски.

Груевски е единствениот кандидат за претседателската позиција. Зад неговата кандидатура која вчера била доставена до партиското седиште, се потпишале интелектуалци, основачи и актуелни партиски функционери, меѓу кои и режисерот Љубиша Георгиевски, Мане Јаковлевски, Филип Петровски, Бранко Саркањац, Сашко Кедев и други.

 

 

Оцени ја веста

02.05.2015 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега