Груевски: ВМРО-ДПМНЕ на дело покажа дека може да обезбеди перспектива за граѓаните
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во својот отчет за сработеното во изминативе четири години, потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ на дело покажа дека може да обезбеди перспектива за граѓаните на Република Македонија.
-ВМРО-ДМПНЕ и колицијата се синоним за отворање на нови работни места, за создавање на поволна бизнис клима, за привлекување на странски, но и домашни инвестиции, за инвестирање во инфраструктурата. ВМРО-ДПМНЕ е синоним за политичка партија во која граѓаните имаат доверба, која држи до збор и го реализира ветеното. ВМРО-ДПМНЕ е прва партија која на дело покажа дека може да обезбеди перспектива за граѓаните на Република Македонија, порача Груевски.
Тој потенцираше дека како во изминатите четири години, така и во наредниот период развојот на економијата ќе остане еден од главните приоритети, со цел подобрување на животот на граѓаните.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа