Малку фалело до тепачка - приведени навивачи по мечот меѓу Работнички и МЗТ

На 01.05.2015 година околу 21,45 часот пред влезот на спортска сала Градски парк по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу КК„ Работнички“ и КК „МЗТ“ од страна на полициски службеник на лицето С.С.(29) му било укажано да се оддалечи од службениот влез на салата, по што истиот почнал да го омаловажува полицискиот службеник со навредливи зборови и при тоа одбил да се легитимира, а при обидот истиот да биде приведен се вмешал и С.Б.(30) и  ги попречувал полициските службеници во вршењето на службените дејствија. Истите се приведени и извршен е разговор и против С.С. ќе следи прекршочна пријава по чл.13, а против С.Б. ќе следи прекршочна пријава по чл.14 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

 

 

Оцени ја веста

02.05.2015 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа