Скопјанец крвнички ја претепал сопругата

Две кривични пријави се поднесени против 34-годишниот скопјанец Љ.Б. кој на 20-ти минатиот месец во два наврати ја претепал сопругата со која повеќе години имал меѓусебни недоразбирања.

Од полицијата информираат дека по претходна вербална расправија со сопругата во семејниот дом, Љ.Б. и се заканил по што ја нападнал најпрво влечејќи ја за косата.

Теророт врз жената продолжил со боксови и клоци по телото и главата, а мажот ја турнал и врз стаклена маса која се скришила од ударот. Потоа земал пепелник и со истиот ја удрил во грбот нанесувајќи и расекотина.

Жената со Итна медицинска помош била пренесена во ГОБ „8. Септември“ каде и се констатирани телесни повреди.

Полицијата му поднесе кривична пријава за поради нанесување телесна повреда при семејно насилство и загрозување на сигурноста, а одреден му е и осум дневен притвор

 

 

Оцени ја веста

03.05.2015 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа