Акциска контрола на мотоцикли во Тетово

Полицијата во Тетово вчера изврши акциска контрола на 45 мотоциклисти и велосипедисти. 

Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски контролата е спроведена во периодот од 15 до 19 часот и покрај класичните моторциклисти се контролирани и трициклите и четирициклите.

Во контролата утврдени се вкупно 20 прекршоци од кои 6 управувања без возачка дозвола за што е предвидена парична казна од по 400 евра во денарска противвредност, 3 нерегистрирани моторцикли, 3 истечени регистрации, 4 лица го дале моторциклот на управување на лице што немало положено возачки испит и за што е предвидена казна од 300 евра, еден не носел соодветен заштитен шлем додека еден управувал со несоодветна дозвола.

Прекршоците се санкционирани со 19 платни налози и една покана за наплата на глоба, а седум моторциклисти биле исклучени од сообраќај.

При контролите се забележани и шест други видови прекршоци како некористење светла, возење без појас и друго за што се изготвени пет платни налози и една покана за наплата на глоба, рече Јосифовски.

 

 

Оцени ја веста

03.05.2015 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега