Фатени на дело - Oхридски дилери завршија со лисици на рацете

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(31) ,Е.З.(30) двајцата од Охрид, Ф.К.(27) од  с. Делогожда-струшко, А.Х.(21) и Б.И.(24), двајцата од с.Велешта-струшко. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги и психотропни супстанци  и прекурсори“. По предходно превземени мерки од страна на полициските службеници на ул.„Васил Стефкоски“ затекнати се пријавените при купопродажба на опојна дрога марихуана. При тоа пронајдена е  најлонска кеса облепена со самолеплива лента со опојна дрога марихуана  во вкупна нето тежина  од  994 грама и едно целофанското пакување со нето маса од 0,64g. марихуана. Во моментот кога ги забележале полициските инспектори, пријавените се обиделе да избегаат со  возило но истите биле спречени во намерата. По извршен преглед, во близина на местото на настанот  пронајдена е  најлонска кеса и целофанска паковка со марихуана .При извршен претрес во домот на Ф.К. од селото Делогожда, пронајдени се околу 100 семки што потекнуваат од растението канабис. 

Опојната дрога марихуана во нето тежина од 994 грама, пријавените А.Р.(31) и Е.З.(30) за сума од 550 евра требало да им ја продадат на Ф.К.(27) и А.Х.(21).

 

 

Оцени ја веста

03.05.2015 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега