ВИДЕО: Поздравни обраќања од сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ за 15.Конгрес

Телеграми упатени до Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа од пријателските и сестрински партии на владејачката партија во Македонија за вчерашниот15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово. Поздрави упатија центар-десно ориентираните партии од Европа и од светот, со кои ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов оствари силна соработка, меѓу кои Европската народна партија, Меѓународната демократска унија, Народна партија на Шпанија, Словенечката демократска партија и уште многу други.

-Вредностите на центар-десните партии коишто се заеднички за демократија, за слобода на поединецот, за економска благосостојба, како и членството во ЕУ и во НАТО и стратешката определба за партнерство со САД се нашата водилка во работењето и во меѓународната соработка на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, истакна Александар Николоски за време на Конгресот.

Џозеф Дол, Претседател на Европската народна партија, најголемата политичка партија во Европа којашто обединува 70 политички партии и ја има најголемата парламентарна група во ЕП, во своето писмо упатено до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и до делегатите на Конгресот вели: „Почитуван г-д Груевски, сигурен сум дека делегатите ќе ја препознаат значајната работа што сте ја направиле во текот на претходните мандати, под ваше раководство вашата партија напредуваше и вашата земја постигна значителен успех. Убеден сум дека ќе ги завршите сите потребни реформи за да ја задржите вашата земја на стабилниот европски пат. Имам силно мислење дека Владата и опозицијата треба секогаш да се придржуваат на демократскиот дијалог и меѓусебно да се конфронтираат во парламентарната арена. Опозицијата мора да разбере дека Собранието е легитимното место да се спротивставува на Владата. Македонија е една од најдобрите европски земји со раст на БДП, што е одлично и треба да се трансформира во повисока стапка на вработеност, особено на младите луѓе. Како семејство на Европската народна партија, ние сме силни бранители на европската интеграција на земјите од Блаканот“.

Ерик Моен, Генерален секретар на Меѓународната демократска унија, испрати топли честитки по повод 15.Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Тој во писмото вели: „Ние сме горди што ВМРО-ДПМНЕ е меѓу нашите активни членови. ВМРО-ДПМНЕ има импресивен успех на изборни победи во изминатата деценија. Ние сме сигурни дека вашата партија ќе продолжи да игра водечка улога во Р.Македонија, особено би сакал да ви честитам за вашиот успех во подобрувањето и реформирањето на македонската економија, намалувањето на невработеноста, намалувањето на даноците и воведувањето на странските инвестиции во повеќе различни сектори во економијата. Ние би сакале да напоменеме и да поздравиме што Македонија во 2014 година беше со втор највисок раст на БДП во Европа, за едно место погоре од импресивното трето место од претходната година. Со ниво на долг од околу 40 % Македонија денес се издвојува како светилник регионот и во европската целина. Ние знаеме дека ваквите резултати не доаѓаат сами по себе, тие бараат добро лидерство, тешки одлуки и напорна работа. Ги поддржуваме европските и евро-атланските аспирации на Македонија кои силно ги поддржуваме, важно е да се остане на курсот заради сите овие причини престојниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ е толку важен“.

Жозе Рамон Гарсија Хернандез, Меѓународен секретар на Народна партија на Шпанија во своето писмо посочува: „Би сакале да и честитаме на нашата сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ и да и посакаме успешен конгре. Вредностите коишто ги делиме и силната посветеност во служба на нашите општества се заменосци на нашите политички  активности. Европа се соочува со тешки времиња и тоа сме ние центар-десните партии од  Европската народна партија кои ги имаме соодветните одговори и решенијата коишто се потребни за нашите граѓани. Се соочивме и го препознавме предизвикот и ние ги даваме резултатите за нашите граѓани. Ние сме далеку од демагози и популисти, напротив, секогаш сме искрени со нашите сограѓани, ние секогаш ќе с ебориме за подобро и поправедно општество за нив. Ние веруваме во силата на поединецот, неговата слобода и неговата позитивна активност за постигнување на подобар свет. Со јасно чувство на солидарност кон сите членови на нашите општества од Шпанија, ние ви посакуваме се најдобро “.

Габор Берцели, директор на „Роберт Шуман Институт, во писмото наведува: „Ги ценам бројните активности и економски достигнувања на Вас како премиер и на Владата на ВМРО-ДПМНЕ кои се преточуваат во серија на изборни победи под ваше водство“.

Јанез Јашна, претседател на  Словенечката демократска партија, во поздравното писмо вели: „Словенечката демократска партија ги следи со голем интерес достигнувањата и големиот напредок на економски и политички реформи за кои се залага ВМРО-ДПМНЕ и за кои е заслужна во текот на изминатите години во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ со напорна работа, решителност и посветеност во подобрувањето и реформирањето на македонската економија придонесе за намалување на невработеноста, даноците, за отворање на слободни економски зони и за многу инвестиции во земјата. Тоа е така бидејќи Македонија е меѓу првите реформатори во Европа, со втор највисок раст на БДП. ВМРО-ДПМНЕ секогаш со доверба со најдобра програма им нуди на гласачите еден искусен тим и одлично лидерство кои се рефректираат и кои се почитувани од гласачи и се преточени во победи. ВМРО-ДПМНЕ и Словенечката демократска партија имаат развиено десни и пријателски врски. Република Македонија заслужува да биде член на НАТО и  да отпочне преговори со ЕУ“.

Честитики пристигнале и од заменик градоначалникот на Ливерпул, Австралија Петар Ристевски, Конзервативна партија на бритаскиот премиер Дејвид Камерун, Хрватската демократска заедница од Хрватска, Фидес партијата на премиерот на Унгарија Виктор Обран.

 

 

Оцени ја веста

03.05.2015 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега