Џафери и Груби во тредневна работна поста во Брисел

Заменик претседателот на Република Македонија, г-дин Муса Џафери и Пратеникот на Демократската Унија за Интеграција во Собранието на Република Македонија, г-дин Артан Груби ќе престојуваат на тридневна посета на Брисел.
 
Џафери и Груби ќе остварат средби со Европарламентарците, г-дин Иво Вајгл и Едуард Кукан, претставници од Комисијата за проширување и соседство, г-дин Ален Ле Роа, Генералниот секретар на Европската служба за надворешна политика, г-дин Луис Фелипе Фернандо Де Ла Пена и г-ѓа Ана Vezyroglou од кабинетот на г-ѓа Могерини и други претставници од институциите на Европската Унија.
 
Двајцата високи финкционери од Демократската Унија за Интеграција исто така ќе го посетат и седиштето на НАТО во Брисел. Во сите овие средби, Џафери и Груби ќе ги презентираат ставовите на ДУИ од последните случувања во Македонија како и нашите напори да се овозможи враќање на земјата кон приоритетната агенда, Евро-атлантската интеграција на Македонија.
 

 

Оцени ја веста

03.05.2015 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега