Стратешка визија на Груевски за односите со соседите

Во однос на Грција премиерот истакна ние немаме ниту некакви територијални аспирации, ниту било какви други аспирации кон јужниот сосед. Сепак, вели премиерот за дијалог потребни се двајца.

-Неможеш да имаш дијалог ако другиот одбива воопшто да се сретне со тебе. Еве овој конгрес е добра можност да слушнеме и различни идеи по ова прашање, и наш најголем предизвик. Мораме да продолжиме да градиме меѓународни пријателства и подршка по ова прашање. Иако официјално земјите членки на ЕУ и даваат солидарна подршка, сепак тие внатре во себе се свесни дека ова е неправда и некоректен однос на Грција, и дека мора што побрзо да се надмине. Се  разбира, секоја спремност на Грција за дијалог не треба да се пропушти, но мораме да работиме на градење на моментум кој треба да се искористи. Секој нов проблем на домашен план, од типот на актуелните т.н. бомби на Заев, ни го одлага тој моментум, и и помага на Грција. Верувајте, за да ја докажеме радикалната и националистичка позиција на Грција, ние направивме многу разговори со различни страни и партнери од меѓународната заедница и најразлични тестирања, и ако во нешто успеавме во изминатиот период, тоа е разобличување на нивната непопустливост во очите на партнерите од меѓународната заедница. Тоа беше и нашата стратегија во еден период, да се разобличат  радикалните, тврди, непринципиелни и негаторски политики на Грција кон нас. Наша обврска беше и е, и ние тоа и ќе го правиме е да разговараме.

 Ние ќе продолжиме да ги правиме максималните напори за изнаоѓање пат до решение и во тој контекст ќе правиме максимални напори и за дијалог со Грција, истакна Груевски.

Во врска со односите со Бугарија, тој нагласи дека истите сосема непотребно се такви какви што се.

-И покрај многуте провокации од поединци одтаму, пред се заради нивни внатрешнополитички цели, во ниту еден момент не вративме со изјава или гест која може да се толкува негативно. Ние, земјите и народите на балканот, споделуваме заедничка историја во различни историски епохи. Тоа треба да не зближува а не разединува. Во една таква ситуација, обидите за ставање на историјата во дневнополитички контекст не ни помагаат за наша подобра иднина. Историјата треба да ја оставиме на историчарите, а ние да градиме нови мостови.  Еве, ние градиме железница кон Бугарија, а од следната година и експресен пат од 4 ленти, со сите перфоманси на автопат, за во иднина кога ќе има поголем сообраќај, со доинвестирање да премине во автопат. Гледано од светски рамки, сите ние на Балканот сме мали држави, и еконосмк слаби, и меѓусебната почит и соработка може да ни помогне да бидеме посилни и посреќни. Ќе направам максимални напори, односите со Бугарија, да бидат како што доликува имајки ги во обзир нашите блискости по многу прашања и аспекти.Од нивна страна единствено бараме да не не ставаат во нивната дневна политика на препукување на партиите, во смисла кој е потврд кон нас, или кој пожестоко нешто ќе ни каже, за даличи на поголем атриот, или мали и незначителни негативни  случувања кои неможеда ги контролира било која влада да ги претвораат во огромни меѓудржавни проблеми на база на кои некој треба внатрешно политички да испоентира.  Сепак, мораме да бидеме реални и подвлечеме, дека во однос на Бугарија од наша страна е водена повеќе децениска рефлексна политика, честопати базирана на стереотипи, во целиот период на комунизмот а и во добар дел по независноста што има последици и денеска, нагласи Груевски додавајќи дека се подготвени да изградаѕ цврсти столбови на пријателство и партнерство со Бугарија, базирани на меѓусебна почит, взаемна помош и пријателство, со свој придонес во почеток на една нова ера во односие меѓу двете земји.

Односите со Србија се добар пример, како со земја со која низ овие години, наместо да гледаме да најдеме причина да се скараме, ние двострано наоѓавме  причини да соработуваме и да си помагаме на секое ниво, вели премиерот.

-Тоа не значи дека немало по некоја грешка од едната или другата страна, но имало имало доволно воља без кревање тензија и собирање поени, тоа прашање да се реши. Така треба и да продолжиме. Така треба да биде и со Бугарија и со Грција. И односите со Косово и Албанија се солидни, и треба да продолжиме да ги надградуваме не само заради фактот то сме соседни држави и упатени на соработка, туку и заради големиот број на алабанци во Македонија кои имаат и културни, традиционални, семејни и пријателски врски со овие две земји.Тие мостови треба да ги искористиме во функција на Македонија, потенцираше премиерот Груевски на денешниот Конгрес.

 

 

Оцени ја веста

03.05.2015 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега