Проверете на кои улици во Скопје има сообраќаен метеж утрово

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека сообраќајот на сите улици и булевари во Скопје се одвива непречено и без застој.

Поголем број возила ова утро циркулираат долж булеварот Кузман Јосифовски Питу во насока од Аеродром кон Центар и тоа на семафорите кај Народна Банка на крстосницата со булеварот Кочо Рацин. Поголем број возила утрово се движат и по булеварот Гоце Делчев и булеварот Илинден во двете насоки на движење, како и долж булеварот Александар македонски во Автокоманда во насока од влез на Скопје кон Клучката Континентал.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 08:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега