Денеска нова цена на горивата во Македонија - ќе возиме поскапо

Денеска на пладне Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата по кои ќе се точат на бензинските пумпи во Македонија од полноќ па во наредните две недели.
Во изминатиот период цената на суровата нафта на светските берзи бележи нагорен тренд. Ако пред две недели, цената на горивата во Македонија се дефинираше врз просечна цена на нафтата од околу 57 долари за барел, денеска еден барел нафта чини над 65 долари.
Она што е поволно за македонските возачи е поевтинувањето на доларот во однос на денарот. Ако пред две недели еден долар чинеше скоро 58 денари, денеска доларот  е спуштен на ниво од околу 54 денари.
За очекување е Регулаторот денеска да соопшти цени кои ќе бидат за околу 2 денари повисоки од актуелните.
Во моментов, литар 95 октански бензин чини 69 денари, два денари поскап е 98 октанскиот а дизелот се точи за 54,5 денари за литар.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега