ММФ почнува разговори со делегација на Србија

Мисија на Меѓународниот монетарен фонд почнува денеска официјални разговори со делегација од Србија за прва ревизија на аранжманот со Белград од 1,2 милијарди евра. Планирано е разговорите да траат до 12 мај.

Главни теми за тригодишниот аранжман ќе бидат состојбата во јавните финансии на Србија, реструктуирање на јавни претпријатија, намалување набројот на вработени во јавниот сектор и приватизација.

ММФ и одобри на Србија на 23 февруари стенд-бај аранжман за структурни реформи и мерки за штедење за намалување на буџетскиот дефицит.

Се уште не е објавен план за рационализација на јавниот сектор, а доцнат и приватизациски постапки за останатите јавни претпријатија. Владата на Србија смета дека ММФ ќе бидат задоволни од мерките за штедење - во  првите четири месеци буџетскито дефицит е за околу 50 милијарди динари помал од планираното.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега