И утрово тензично во ИВЗ: Интервенираше Брза Помош
Екипи на Брзата помош утрово интервенирале кај тројца вработени од Исламската верска заедница, кои од вчера седат затворени во просториите на ИВЗ, а надвор се под опсада на 40 луѓе кои сакаат да го преземат седиштето, јави „Фокус“.
- Се соочивме со здравствени проблеми од физичкиот и психичкиот стрес што го доживеавме вчера. Мене притисокот ми беше 200. Ова не се издржува. На другитре двајца вработени, исто така состојбата им беше влошена и мораше да интервенира Брза помош. Седиштето е се уште под опсада, а надвор во дворот има околу 40 луѓе - изјавиле вработени во ИВЗ.
Вчера група верници насилно го зазедоа седиштето на ИВЗ, обвинувајќи го раководството на ИВЗ на чело со Сулејман Реџепи дека носи неуставни одлуки спротивно на сите норми. На чело на привременото раководство застана разрешениот скопски муфтија Ибрахим Шабани.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа