Пристигна првата група Холанѓани: Пола авион гости на свадба меѓу стружанка и Холанѓанец

На аеродромот “Свети Апостол Павле” утрово пристигна првата група 180 холандски туристи во Охрид. 

Веќе вообичаена практика стана за првата група туристи кои организирано доаѓаат да летуваат на Охридската ривиера да биде организиран свечен дочек, со лепче и погача. Гостите кои ја отворија годинашната летна туристичка сезона уште пред да допатуваат во Охрид запознаени со македонската туристичка понуда. Некои првпат доаѓаат тука, некои се веќе редовни гости во Македонија, кои биле тука и претходните години.

Според нивните изјави, особено се задоволни од добрата храна, убавото време, но и гостопримливоста на домаќините, така што многумина веќе имаат пријатели во Охрид, Струга.

Меѓу гостите и Македонците се зајакнуваат врските. Момче од Холандија викендов ќе прави свадба со стружанка, а пола авион беа гости на нивната свадба.

-Од Холандија доаѓаме на свадба на еден наш другар од Холандија и една фина девојка од Македонија, велат Холанѓаните.

Богатата природа, култура,  историја , евтините цени но и гостопримството на домаќините се основните причини поради што Холанѓаните ја избираат Македонија.

-Добро утро како сте? Едноставно треба да знаеш по некој збор јас се уште во мене го имам речникот и изминативе триесет и пет години научив 400 зборови македонски, вели еден Холанѓанец.

Во 2014 на брегот на Охридското езеро летуваа 23 000 туристи од земјите на Бенелукс а оваа сезона се очекува зголемување од 25 %.

- Со два чартери неделно а во шпицот на сезоната и три според најавите веќе се потпишани договори кои што се за 25% поголем број на гости, што претставува евидентен пораст на туристите од Холандија кои доаѓаат во Охрид, вели Ѓоко Апостолов раководител на секторот за туризам.

Со новите летови за Швајцарија, Англија и Австрија Охрид ова лето очекува повеќе туристи.

-Оваа година компанијата „ТАВ“ додаде дополнителни попусти за компаниите кои летаат од охридскиот аеродром и очекуваме тој број да се зголемува со оглед на тоа што туристичката понуда на охридската ривиера ги задоволува потребите, Крстески директор на ТАВ Македонија.

Субвенционирањето на странските гости вроди со плод. Од мај до октомври хотелите на брегот на Охридското езеро се исполнети со туристи.

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега