Попоски на конференција за Западен Балкан во Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, утре во Брисел ќе учествува на конференцијата на тема „Проширување, економски раст и управување,” организирана од Советот за регионална соработка (СРС), Канцеларијата на Баден-Виртемберг на ЕУ и Европскиот Фонд за Балканот.

Конференцијата се одржува во рамките на Денот на регионална соработка во Брисел.

Регионалната соработка, посочуваат од МНР, е од особена важност за внатрешното функционирање на ЕУ, но е и клучен аспект во процесот на проширување. За време на конференцијата ќе бидат разгледани предизвиците и достигнувањата на тој план, а ќе биде промовиран и Балканскиот барометар, алатка за следење на „Стратегијата ЈИЕ 2020“ на СРС и реформскиот процес во целина.

Министерот Попоски ќе има обраќање на панелот за „Проширување, економски раст и управување,” на која ќе ја потенцира потребата за понатамошно унапредување на регионалната соработка и интегрирањето на сите земји од регионот во евро-атланските структури.

На конференцијата е најавено учество и на комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан и поголем број министри и други високи претставници. Се очекува фокусот на дискусиите да биде ставен на регионалната соработка, реформите во областа на економско управување, владеењето на правото и јавната администрација, како и други регионални иницијативи, меѓу кои од особена важност е Берлинскиот процес. 

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега