Јанкулоска: Заев го достигна врвот на монструозноста, ова е вистината за загинатото момче

Зоран Заев денес го достигна врвот на монструозноста. Ова го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

-Денес повторно поигрувајќи си со емоции на најгруб начин злоупотребувајќи ја трагичната смрт на еден млад човек, за која не постои човек кој не чувствува жалење и не е погоден, покажа дека за да оствари политички профит е буквално спремен на се- монструозни конструкции, мрачни сценарија и најгруби манипулации. Повеќе од три месеци Зоран Заев најбрутално  се изживува со една група на луѓе вклучувајќи ме и мене. Не престанува да не претставува на начин каков што може да замисли само еден болен ум. На такво нешто нема човек што може да остане рамнодушен, рече Јанкулоска.

Министерката посочи дека досега се воздржувале од нападите од најдолен вид, но денес таа реагира затоа што, како што вели, Заев во својата политичка агенда на монструозен начин ја злоупотреби трагичната смрт на еден млад човек.

Таа вели дека Заев и СДСМ соочени со силата на доказите и немањето на поддршка од граѓаните продолжуваат преку објавување на незаконски стекнати, креирани и монтирани материјали да го свртат вниманието на јавноста поради емоциите кои ги побудува овој случај.

Јанкулоска вели дека од денешната прес конференција на Заев се потврдија неколку работи:

-Прво, во првичните моменти, со оглед на тоа што не постоеше никаква формална пријава МВР немаше никаква информација дека се случило убиство. Второ, веднаш откако ја добивме информацијата,  дури и по неформален пат, мобилизирани се сите сили, вложени се максималните напори и превземени се сите активности за да се открие извршителот на убиството. Трето, истрагата што ја водевме, го откри вистинскиот сторител на убиството. Четврто, во ниту еден момент ниту МВР, ниту било кој друг политичар или функционер не само што не го скрива убиството, туку сите сили, сите ние се трудевме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата, рече Јанкулоска.

Обвинувањата на Заев се апсурдни, рече Јанкулоска, но ниту обвинувањата ниту драматичните изјави кои лидерот на СДСМ ги дава, не можат да ја сокријат вистината.

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега