Богдановиќ: Не сум принудувал навивачи на Работнички да присуствуваат на протестот

Интеграен демант од Саша Богдановиќ, Директор на Паркинзи Центар

На ден 05.05.2015 година во 22:45 часот на Вашиот веб сајт „ Прес24 “ објавена е статија со наслов “СДСМ го почна црното сценарио - ако треба и војна за да дојдеме на власт“.

Во статијата се наведува дека „...протестите се правени во штабовите на СДСМ и дека покрај партиските активисти на протестот се приклучија и навивачите на кошаркарскиот клуб Работнички предводени од директорот на Паркинзи Центар кој за своето дивеење беше приведен пред некој ден.“

Прво, сакам да ја демантирам изјавата дека сум бил приведен за „дивеење“ - ниту јас, ниту полицијата не знаеше да ми објасни зошто бев приведен. За тоа што се случи на натпреварот е доставена „Претставка за примена на полициски овластувања“ до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за Внатрешни Работи.

Јас сум и ќе бидам навивач на КК Работнички. Навивачката група на КК Работнички не е фирма со која може да се управува и води и во никој случај не сум принудувал луѓе да присуствуваат на протести и демонстрации.

Барам овој Демант веднаш да биде интегрално објавен на Вашиот веб сајт, онака како што е направено со клеветничкиот текст, во согланост со законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда и јавно извинување објавено на вашиот портал.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега