Нови вработувања: Груевски на отварањето на новата фабрика во Кочани

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на фабрика на холандската компанија „Антура“ во општина Кочани.

 „Антхура Интернатионал БВ“ е брзо растечка компанија позиционирана во врвот на глобалната хортикултурна индустрија, особено во делот на цвеќарството т.е флорикултурата, фирма број еден во светот за одгледување и размножување антуриуми, меѓу најдобрите за орхидеи. Има годишен обрт од над 50 милиони евра и производни локации во Холандија, Германија и Кина во кои има вкупно над 700 вработени.  Почна со градба на фабриката во декември 2013, а веќе од оваа година има тековно пробно производство и 150 вработени лица. 

 

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега