РСМ: Нападот врз нас е напад врз слободното новинарство! (ФОТО)

Просториите на Радио слободна Македонија синоќа за време на насилните протести беа мета на напад.

Во продолжение следува нивното соопштение:

Во повеќе наврати РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА  беше цел на провокации, напади и попречување на професионално извршување на работата. Персоналот и новинарските екипи , на повеќе пати се вербално малтретирани, провоцирани и  биле цел на опструкции со цел нарушување на основите човекови вредности и права. Вчера вечер  (05.05.2015 година) дојде и до физички напад и кршење на просториите на РСМ во кој се нанесе материјална штета од страна на дел од протестантите пред владата на Република Македонија.  Поголем дел од медиумите кои пренесуваа и лиферуваа креирани информации околу настаните пред Влада воопшто не го пренесоа нападот врз РСМ што јасно укажува дека настанот бил планиран и координиран од страна на група која се обидува да изврши притисок врз медиуми кој е во приватна сопственост  и непристрасно се занимава со информирање на јавноста во врска со дневно политичките настани.

Како тим на професионалци кои непристрасно си ја извршуваат својата работа го осудуваме овој напад врз РСМ и сметаме дека на некои очигледно целта им била да го „згаснат информативниот прозорец во јавноста кој освен што професионално, навремено и непристрасно си ја извршува својата работа, а со тоа предизвикува физичка пресметка од страна на оние кои не сметаат за нивни не истомисленици и со тоа покажуваат каков е нивниот начин на пресметка со медиумите кои не се под нивна контрола“.

РСМ ќе продолжи професионално и навремено да ги извршува своите работни обврски и нема да потпадне под притисоци од ваков вид. Нашата единствена цел како независен медиум е да ја информираме јавноста и да ја задржиме нашата професионалност. 

 

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 13:31
Фото: 
РСМ

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега