МПС: И полицајците се нечии родители, браќа и сестри - не заслужија брутално да бидат нападнати

Македонскиот полициски синдикат најостро ги осудува вчерашните насилни протести пред Владата на Р. Македонија.

-Овие луѓе се нечии родтели, браќа и сестри, кои сега се во длабока траума и тага, а со ништо не придонесоа така брутално да бидат нападнати. За тоа говори фактот што при вчерашните немири не е повреден ниту еден од демонстрантите, истакна Тихомир Климоски, претседател на Македонскиот полициски синдикат и воедно упати апел до организаторите на овие немили настани сериозно да размислат при организацијата и спроведувањето на истите поради фактот што се ангажирани лица кои и се добро познати на полицијата и се регистрирани како насилни и криминални структури.

Тој посочи дека не постои демократска држава во која при вакви немили настани има толку голема бројка полицајци кои се повредени, а нема ниту еден повреден демонстрант.

МПС изрази длабоко сочувство и поддршка кон нивните повредени колеги и нивните семејства.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега