Груевски до граѓаните: Не наседнувајте на воведите кои Заев ги дава

Премиерот Никола Груевски испрати апел до македонските граѓани да не наседнуваат на креираните, монтирани и лепени материјали кои ги објавува опозицискиот лидер Зоран Заев.

Груевски гостуваше во вестите на Канал 5 телевизија каде потенцира дека не треба да се верува во воведите кои Заев ги дава пред да објави креирани материјали.

-Вчера Заев рече „Слушнете како луѓето од МВР сакале да сокријат убиство“, а требаше да каже „Слушнете како луѓето од МВР прво не знаеле за таков случај, па кога дознале брзо реагираат и бараат побрза завршница“. Апелирам до граѓаните мудро да ги слушаат снимките кои ги објавува Заев и да ги стават настрана неговите воведи. Исто така апелирам до граѓаните со резерва да ги примаат информациите од различни медиуми со партиска агенда, рече Груевски.

Македонскиот премиер потенцира дека е подготвен за разговор и дијалог и дека Владата ќе се однесува како секоја европска држава.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега