Насилници со криминално досие одработуваа за Заев

Насилници со богато криминално досие вчера го одработуваа сценариото на СДСМ и Зоран Заев за насилно рушење на институциите спроведувајќи насилство на протестот пред Владата.

Меѓу 30-мината приведени во синоќешните насилни протести се наоѓа и Бошко Јакимовски попознат како Црвен кој зад себе има 40 кривични пријави од кои 15 за разбојништво, тешки кражби (9), кражби (5), насилства (2), спречување на службено лице во вршење работи од безбедноста (1), убиство во обид (1), противправно лишување од слобода (1), учество во тепачка (1), насилство извршено во група (1), телесна повреда (1), фалсификување исправа (1) и измами (2). Освен кривично, првоосомничениот 16 пати бил и прекршочно гонет со пријави за нарушување на Јавниот ред и мир и согласно Закон за оружје.

Дел од групата приведени е и 26-годишниот Слободан Пешиќ кој е регистриран во психијатриската болница Бардовци и во своето досие има кривична пријава за насилство и 32 нарушувања на јавниот ред и мир. Благоја Бошковски пак има две кривични пријави за недозволена трговија со наркотици.

Од МВР соопштија дека како учесници во насилните инциденти досега се идентификувани уште девет други лица од кои седуммина од Скопје и две лица од Битола. Едно од овие лица и претходно и е познато на полицијата бидејќи против него во два наврати се поднесувани кривични пријави за недозволена трговија со наркотици. За нив се уште се утврдува евентуалната кривична или прекршочна одговорност и по извршените консултации со надлежниот јавен обвинител ќе биде процесуиран соодветен поднесок.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега