Седум лица повредени во две сообраќајки во тетовско

Во две сообраќајки што попладнево се случиле на патиштата во тетовско, повредени се вкупно седум лица.

Во сообраќајката што околу 14 часот се случила на регионалниот пат Пирок-Тетово, на уличка што водела кон селската џамија во Синичане, се судриле Мерцедес со тетовски регистарски таблички  управуван од А.Р.(19) од Жеровјане и Поло исто така со тетовски таблички управуван од А.А.(52) од Боговиње. При тоа возачот и еден сопатник од Полото како и четворица сопатници од Мерцедесот се здобиле со телесни повреди и сите биле префрлени во тетовската клиничка болница каде била укажана лекарска помош, информира за МИА портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Во втората сообраќајка со потешки повреди односно повеќе скршеници се здобил моторциклистот Ј.М.(35) од Градец при судирот со Пежо со тетовски регистарски таблички управувано од М.Б.(63). Несреќата се случила околу 14 часот и 30 минути на локалниот пат во тетовското село Боговиње. Повредениот моторциклист бил префрлен во тетовската клиничка болница од каде поради сериозноста на повредите како и итен случај бил префрлен во скопските клиники.

По овластување на јавниот обвинител увид на местото од двете сообраќајки вршат екипи на СВР Тетово односно Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај по што треба да се утврдат причините и се друго поврзано со овие две несреќи.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега