Несреќа во Свети Николе: Младо момче се бори за живот

24-годишен градежен работник од Свети Николе е серозно повреден и во критична здравствена состојба, откако работејќи паднал од скеле, од неколку метри височина.

Несреќата се случила во зграда во изградба во Свети Николе, каде работникот бил ангажиран.

Силното сонце му го заматил видот, па наместо на греда, работникот нагазнал на празен простор по што завршил на земјата.

Итно е префрлен во штипската клиничка болница каде се констатирани повеќе серизони повреди на меките ткива и тој е задржан на понатамошно лекување.

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега