ЕЦБ го зголеми за две милијарди евра таванот за финансирање на грчките банки

Европската централна банка (ЕЦБ) го зголеми за 2 милијарди евра таванот за итно финансирање на грчките банки, на вкупно 78,9 милијарди евра.

Оваа одлука се разгледува секоја недела од февруари годинава. Тоа е веќе единствениот начин, на кој ЕЦБ ги поддржува грчките банки по доаѓањето на власт на левичарската влада на Сириза. 

Според податоците на грчката централна банка приватни лица и компании повлекле вкупно 26,897 милијарди евра од грчките банки за четири месеци. На крајот на март приватните влогови во банките изнесувале 138,55 милијарди евра, што е најниско ниво од февруари 2005 година.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега