Три лица тешко повредени во Скопје

 

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди, од кои девет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на товарно моторно возило, еден пешак и еден велосипедист.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 17 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, 10 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и тројца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 40 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега