Утрово двојно убиство во Тетово: Убиени две млади момчиња

Крвав инцидент утрово го потресе Тетово. Двајца браќа од тетовското село Мерово на возраст од 25 и 24 години се убиени со огнено оружје утрово околу 7 часот. Крвавиот настан се случил во месноста Јабланица во атарот на село Мерово, покрај патот за Седларево.

Едниот од браќата починал на лице-место,  додека вториот на повредите им подлегнал на пат кон тетовската клиничка болница.

Други две лица кои учествувале во оружениот инцидент исто така со повреди од огнено оружје по укажаната помош во тетовската клиничка болница биле упатени на Скопските клиники.

Полицијата работи на случајот.

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега