Честитка од претседателот Иванов по повод Денот на полицијата и безбедноста

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод 7 Мај – Денот на полицијата и безбедноста, упати честитки до министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и до министерот за одбрана Зоран Јолевски.

- Како претседател на Република Македонија и како врховен командант, ми претставува задоволство Вам, на директорот на Бирото за јавна безбедност, на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање и на сите припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, да Ви го честитам 7 Мај – Денот на полицијата и безбедноста, се наведува во честитката од Иванов. 

Македонската полиција, како што посочува Иванов, постои за да им служи на македонските граѓани, да се грижи за секојдневната заштита на нивните животи, личната безбедност и сопственост.

- Борејќи се против организираниот и сериозен криминал, заштита на демократските институции утврдени со Уставот и спротивставувањето, и заштита од тероризмот, овластените службени лица придонесуваат кон добросостојбата и напредокот на Република Македонија и македонското општество. Преку чесноста и професионализмот во работата, припадниците на Министерството за внатрешни работи на дело ја покажуваат посветеноста кон добробитта на македонските граѓани, вели Иванов во честитката.

На сите припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија Иванов им честита за професионализмот во извршувањето на одговорните задачи, но пред сè за лојалноста кон татковината – Република Македонија. 

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега