Заради насилството и притисоците медиумите му спуштија камери на Заев

Поголем дел од медиумите денеска во знак на протест на насилствата врз медиумите организирани од СДСМ му спуштија камера на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред почетокот на прес-конференцијата.

Новинарот Љупчо Златев од телевизија Сител во името на сите новинари што биле нападнати и исвиркани на Заев му го предаде Уставот на Република Македонија, пишува Курир.

Ваквиот чекор на новинарите и камерманите доаѓа откако изминатиов период низа новинари и камермани се мета на напади од страна на опозицијата или луѓе блиски до неа.

Во текот на вчерашниот ден беа нападнати главниот и одговерен уредник на Вечер, Ивона Талевска, и снимателите на телевизијата, од страна на членови и симпатизери на опозицијата кои вчера протрестираа пред Собранието.

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега