Детали за двојното убиство во тетовско

Две лица на возраст од 54 и 29 години денеска биле приведени од полицијата како осомничени дека биле вклучени во вооружениот инцидент што утринава се случил во близина на селото при што две лица починаа, а уште две се здобиле со повреди од огнено оружје.

За потсетување, настанот се случи утринава нешто пред 7 часот во атарот на Мерово во месноста Јабланица покрај патот за Седларево. Во вооружениот инцидент двајца браќа на возраст од 24 и 25 години се здобиле со смртни повреди од огнено оружје при што повозрасниот починал на самото место додека една година помладиот брат починал на пат за тетовскиот клинички центар.

- Во тетовската клиничка болница  утринава биле донесени уште две други лица со повреди од огнено оружје на возраст од 32 и 26 година кои по укажаната лекарска помош поради тежината на нивната состојба и животно загрозувачките повреди биле испратени на универзитетската клиника во Скопје, изјави раководителот на хируршкиот оддел во тетовската клиничка болница Илбер Бесими.

Екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршиле увид на местото од вооружениот инцидент и преземаат мерки за целосно расчистување на случајот рече Јосифовски.

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега