АРМ демантира: Гумени куршуми не се пренесуваат кон Скопје

Генералштабот на АРМ најостро ја демантира информацијата објавена на дел од медиумите дека гумени куршуми возат накај Скопје.

-ГШ на АРМ во оваа прилика ве информира дека со наведеното возило се пренесуваат средства наменети за редовните активности на Армијата на Република Македонија. Со нив во текот на наредната недела Армијата на Република Македонија ќе изведе редовни и планирани вежбовни активности. Апелираме до медиумите кои ќе дојдат до вакви податоци, во иднина пред истите да бидат објавени, информациите да ги проверат со одговорните лица од Министерството за одбрана на Република Македонија и Армијата на Република Македонија, демантираат од ГШ на АРМ.

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега