Загина градежен работник во Гостивар

Работник починал попладнево откако паднал од објект на кој се изведувале градежни работи во населбата Питарница во Гостивар. 

Според првичните сознанија, станува збор за 62-годишен гостиварец, жител на населбата Циглана, кој со уште неколку лица изведувале градежни работи на покрив од куќа. По падот била повикана и итна помош, но дежурниот лекар констатирал смрт, која најверојатно настанала од повредите кои ги здобил при падот.

Од СВР Тетово потврдуваат дека кај нив е пријавен случајот и дека нивна екипа е испретена на увид.

За причините кои довеле до несреќата се најавуваат по увидот, кој е во тек а го спроведуваат јавен обвинител, екипа на крим техника и државен инспектор за труд.

Годинава ова е втор трагичен случај од четирите регистрирани несреќи при работа. Лани, во гостиварско имало 20 несреќи во кои биле повредени исто толку работници. 

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега