ВМРО-ДПМНЕ: Заев злоупотребува трагични судбини- нека се отвори нова истрага

Се заблагодаруваме на денешната прес конференција,  затоа што дури и со вакви монтирани и сечени материјали конечно се негиграат сите шпекулации, дезинформаации и лаги  кои што јавно или полу јавно луѓе од СДСМ или нивни приврзаници ги ширеа дека власта учествувала во било каква смисла во трагичната несреќа во која загина Никола Младенов.

ВМРО-ДПМНЕ поддржува надлежните институции да спроведат нова истрага во случајот на трагичната смрт на новинарот Никола Младенов.

Немаме никаква дилема дека во овој случај е постапено одговорно, но заради потребата од целосната доверба во постапките и институциите поддржуваме нова истрага, под надзор на новинарската фела преставувана од здруженијата, луѓе од семејството, со увид на експерти-како што и секогаш во изминатиот период се залагаме за правна разрешница.

Денешниот прес на Зоран Заев  на кој што повторно пушташе сечени и креирани материјали е класична злоупотреба на трагичната смрт на човек, исто како што направи во случајот со расчистеното убиство на Мартин Нешковски.

Да повториме, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи психозата која сака Зоран Заев да ја наметне на јавноста да биде прифатена од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ поддржува нова истрага веднаш во рамките на позитивните закони и институции.

Да потсетиме дека СДСМ и нивните медиуми и новинари две години шират илјада различни теории на заговор во врска со овој трагичен настан и врз основа на тие теории градеа позиции за политичка корист за себе и својата партија.

Две години не обвинуваа, а денес сами докажаа дека лажеле и користеле смрт на човек за политички цели. Тоа говори за нив. Нека им служи на чест.

Воедно втор пат ги повикувам граѓаните да ги слушнат снимките и сами да заклучат и да ја видат лагата во воведите кои Зоран Заев усмено ги прави пред да ги пушти снимите. Ги повикувам да ги слушнат материјалите кои Заев ги пушта  и да не се потпираат на насловите и прераскажаните стории на нивните портали кои што имаат со цел да  манипулираат со чувствата на граѓаните и да ги прикажат работите во погрешен контекст.  

 

            

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега