Ивор Мицковски жестоко нападнат откако му се потсмеваше на Заев

По статусот кој го објави со потсмев за Зоран Заев, опозицискиот колумнист Ивор Мицковски беше жестоко нападнат од дежурните гласноговорници на СДСМ. Но, првите перјаници на СДСМ најмногу се разгневија кога тој испрати порака до опозициската партија дека треба да се ослободи од нив.

Најјако беше кога ЗЗ во стил на врвен форензичар се повика на физичките закони и центрифугалната сила“, напиша Мицковски по прес-конференцијата на опозицискиот лидер.

Така Саше Политико му замери на Мицковски дека не го почитува повикот за единство. Уредникот на порталот полн со пцовки „Доказ“, Рубин Ивановски исто така му замери на Ивор што се осмели да го исмејува опозицискиот лидер.

Симпатизерка на СДСМ, пак, му порача на колумнистот „Ивор, значи како знаеш да прднеш кога не треба“!

Ниту на детето на Фрчкоски не му се допадна постот.

kivo12

Под овие коментари следуваа уште низа навредливи содржини на сметка на Мицковски, кој  беше принуден да одговори со уште еден пост на Фејсбук, порачувајќи му на СДСМ да се ослободи од ваквите насилници.

„Денеска се потврди медиумската болумента која стои позади актуелното раководство на опозицијата, која шири омраза или пак е инструирана да напаѓа на секој коментар кој наводно го руши анахрониот култ на личноста кои тие сакаат да го проектираат...тажното е дека од еден коментар покажаа колку немаат капацитет за ништо друго, освен можеби за водење свински фарми, мада и во тоа се сомневам...Конечно, мој добронамерен совет до раководството на СДСМ...Ослободете се од таквите, тие највеќе ве рушат и ве оддалечуваат од граѓаните“, напиша Ивор.

kivo22

По својот втор статус, Мицковски доби огромен број на коментари преку кои гласноговорниците на СДСМ го навредуваат, понижуваат и напаѓаат.

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега