Осуда за нападите врз новинари испрати Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува физичките напади врз главната уредничка на весникот “Вечер“ и снимателите на ТВ Сител и кршењето на просториите на Радио Слободна Македонија.

-Во контекст на настаните од последниве денови, Агенцијата повикува да се почитува правото на медиумските работници слободно и непречено да ги извршуваат своите професионални обврски со оглед на тоа што слободата на информирање и правото на слободен прием и пренесување на информации се едни од темелните вредности на едно демократско општество, стои во нивното соопштение.

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега