Карванот „Купи куќа, купи стан“ во Гевгелија

Карванот на Министерството за финансии за проектот „Купи куќа, купи стан“ денеска беше во Гевгелија.

Во рамки на акцијата, Мнистерството за финансии, заедно со претставниците од банките и локалните градежни компании ги појаснија процедурите за апликација при купување стан или изградба на куќа, за тоа кој може да аплицира и како да се добијат субвенции,а беше претставена и локалната понуда на станови и плацеви за куќи.

- Некој да ви плати во првите пет години 50 отсто од износот на ратата е поволност што лесно не се испушта. Варувам дека сите што ги исполнуваат условите за обезбедување на станбеното прашање, како и градежните компании и инвеститорите, ќе ги искористат понудените поволности, а ние како општина ќе се погрижиме да обезбедиме што повеќе парцели за изградба на семејни куќи и колективни станбени згради, рече градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега