Младеновски: СДСМ има ангажирано насилници кои треба да излезат на улица

 

Поранешниот член на СДСМ кој беше дел од партиската младина, Михаил Младеноски, открива дека Зоран Заев искреирал сценарио со насилни елементи.

Тој вели дека СДСМ има ангажирано насилни луѓе кои треба да излезат на улица.

Младеновски директно го обвини директорот на „Паркинзи“-Центар, Саша Богдановиќ дека тој организира насилни навивачи.

-СДСМ има ангажирано насилни луѓе од навивачката група на „Работнички“. Голем дел од нив се вработени од страна на градоначалникот Жерновски во општина Центар. Организирани се од Саша Богдановиќ кој лично учествувал во нарушувања на јавниот ред и мир, изјави вчера тој во емисијата „Јади бурек“ на Сител 3.

Младеноски обвинува дека протестите биле планирани да бидат насилни, а тоа јасно се гледа во однесувањето на протестантите.

-Протестантите доаѓаа со пиротехника во себе, носеа шипки, фантомки, маски како хулигани.  СДСМ им дава финансиска поддршка на тој начин што ги вработува, па тие протестираат. Саша Богдановиќ и преку социјалните мрежи ја атакува државата и повикува на насилно рушење на државните институции, рече поранешниот член на СДСМ.

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега