Груевски: Осудувам напад кон новинари, да се најдат сторителите!
Станува веќе навика во СДСМ од нивниот гнев, тие се длабоко влезени во гнев од кој неможат да излезат. Нив ги води гневот, тоа е многу лошо кога некого го води гневот. Лошо е за него, бидејќи нема да ја постигне целта што ја наумил, а второ, лошо е за сите во околината што ќе се најдат таму, изјави премиерот Никола Груевски по синоќешниот напад на Ивона Талевска и двајцата сниматели кои беа физички нападнати и им беше искршено службеното возило од активисти и челнови на опозицијата кои протестираа пред Парламентот.
- Апсолутно осудувам насилство, особено насилство кон новинари. Невозможно е да се дојде на власт со насилство врз новинари ако некому не му одговараат или не ги исполнуваат неговите желби... Тоа што се случи вчера со нападот на Ивона Талевска и снимателите на Сител е тежок преседан за кој ги охрабрувам сите институции да направат сериозна истрага и да ги најдат сторителите, рече Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа