СДСМ и СОРОС со протести го исполнуваат деструктивното сценарио

СДСМ и СОРОС директно стојат зад насилните протести за уривање на легитимно избраната Влада. Факт е дека насилните  протести изминативе два дена се организирани и координирани од СДСМ и СОРОС.

На завчерашните протести беа повредени 38 полициски службеници на должност од насилниците кои кон нив фрлаа со стаклени флаши, бекатон плочи, камења.

Истиот наликуваше на чист партиски протест со околу 1.500 партиски членови организирани од општинските организации на СДСМ од Скопје и од внатрешноста, како и околу 350 членови на радикално тврдо јадро на припадници на навивачки групи со богато криминално досие и лица познати насилници.

unnamed

Насилниот протест и обид за упад во Владата е смислено сценарио неколку дена порано, по добра шема. Имено структурите на СДСМ, медиумите на СОРОС и нивните невладини организации ден пред протестот беа добро подготвени и координирани, притоа секој знаејќи си ја својата задача.

geroskiii

Сценариото започна со прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев на која тој објави креирани материјали стекнали на нелегален начин, и со истите обвинувајќи ја власта за наводно прикривање на убиство, иако јавноста знае дека убиството е расветлено кратко по негово случување, а убиецот пред две години е осуден на 14 годишна затворска казна.

bekaton12

Сепак, Заев смислено оди со реализација на своето деструктивно сценарио прикажувајќи наводно прикривање на убиство, лајт мотив, кој го следат медиумските перјаници на СДСМ, а создава терен потоа на сцена да настапат партиските активисти.

Така беше и на синоќешните протести кога пред Собранието група насилници удираа по полицајците, нападнаа новинарска екипа и повредија новинарка, двајца сниматели и фоторепортерка.

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега