Потресно сведоштво на Даниела: Сакаа да ме линчуваат бидејќи носев крст

Тројца исламисти во австрискиот град Велс ја нападнале Србинката Даниела Н. и при тоа барале од неа да го фрли синџирот со крст кој го носела околу вратот. Инцидентот се случил во автобус, а девојката била спасена од шоферот. 

Даниела тргнала на работа со автобус. Речиси цело време пишувала пораки на мобилниот телефон и не обрнувала внимание на другите патници. Околу вратот имала синџир со крст, а како што пишуваат австриските медиуми крстот е симбол на нејзината српска православна религија.

Во еден момент на Даниле и пришле тројца млади момци со бради. Еден од нив го фатил нејзиниот ланец и и рекол да го фрли, односно дека подобро за неа е ако веднаш премине во ислам.

-Секогаш сум ги почитувала сите религии. Но ова што се случи ми го промени мислењето за исламот, изјавила Даниела, која за време на војната во Југославија избегала заедно со семејството во Австрија.

-Се надевам дека ова нема да се случи повторно, вели Даниела.

 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега