Храбра кумановчанка се справила со крадец кој и приредил хорор

Околу 21 часот и 30 минути во Куманово на улицата „Октомвриска Револуција“, во маркетот „Пако Маркет“, непознат маскиран сторител со закана со нож извршил разбојништво во обид.

Според податоците од полицијата, насилникот влегол внатре и ја присилил вработената да влезе во внатрешноста на маркетот, по што започнал со пребарување и во еден момент обидувајќи се да отвори една од фиоките, истата со едната рака го фатила сечивото од ножот, додека со другата почнала да го удира во пределот на главата, по што тој избегал од местото на настанот.

Од страна на полициски службеници сторителот е пронајден и приведен и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветна кривична.

 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа