Утврден идентитетот на починатиот работник од Гостивар

На 07.05.2015 година во 14:10 часот во Гостивар на ул.„Питарница“, во куќата сопственост на Т.А. лицето Трендафиле П.(62) од Гостивар, при вршење градежни работи на кровот, во еден момент паднало на бетонската подлога и починало на местото на настанот.

Од страна на доктор од екипа на итната медицинска помош констатирана е смрт. Увид на лице место извршиле ЈО и екипа од ПС-Гостивар.

По наредба на ЈО, телото на починатиот е предадено за обдукција.

 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега