Го бакна својот брат за последен пат и се самоуби - никој не знае зошто ова момче кренало рака врз себе

37-годишниот восипува од Лесковац Дамир Маринковиќ  се простил од својот помлад брат и од својата девојка, со која се забавувал три месеци, па се самоубил.

- Го бакна својот помлад брат и излезе од куќата. Неколку минути покасно неговата девојка се јавила на родителите на Дамир за да им каже дека тој и се јавил и рекол дека повеќе нема да се видат бидејќи ќе се самоубие, раскажуваат мештаните кој вчера присуствувале на погребот 

До вечниот дом го испратиле околу 1000 луѓе, меѓу нив и колегите од работа и неговата девојка која како и несреќните рподители, лекарите и пружаа помош. 

- Беше столбот на куќатата, беше чесен човек и омилен кај девојките. Голема лага е дека бил верен и дека девојката му го вратила прстенот.  Вистина дека имаа кратка но стабилна врска, објаснува братучедот на Дамир кој живее во соседството. 

Дамир се уби со пиштолот на неговиот дедо околу 17 часот во близина на својата куќа, покрај патот кој води до центарот на градот. Покрај телото е пронајдено проштално писмо и тоа е најверојатно клучот на оваа мистерија. 

 

 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега